Малопродажната цена на дизелот ноќеска на полноќ поефтинува за 1,5 денари, на екстралесното за два денари, а на мазутот за половина денар, додека цената на бензините останува непроменета. Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, литар еуродизел ќе се продава по цена од 71,5 денари, додека новата цена на екстралесното масло за домаќинство ќе изнесува 60 денари. Килограм мазут М-1 НС од вторник наутро ќе се продава по 41,722 ден/кг. Цената на еуросупер БС-95 останува 80,50, а на еуросупер БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ноќеска на полноќ поефтинува за 1,5 денари, на екстралесното за два денари, а на мазутот за половина денар, додека цената на бензините останува непроменета.
Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, литар еуродизел ќе се продава по цена од 71,5 денари, додека новата цена на екстралесното масло за домаќинство ќе изнесува 60 денари. Килограм мазут М-1 НС од вторник наутро ќе се продава по 41,722 ден/кг.
Цената на еуросупер БС-95 останува 80,50, а на еуросупер БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.